Компани: Закрепнувањето на Чурлинов е близу до чудо!

709

Дарко Чурлинов и натаму е надвор од терените. Македонскиот репрезентативец на крајот на ланската сезона се соочи со труење поради што се најде на клинка во Белград, а потоа мораше да направи и оперативен зафат.

Чурлинов сепак успеа да излезе како победник, а за тоа говори и последната изјава  на тренерот на Барнли, Венсан Компани. Тој закрепнувањето на македонскиот фудбалер го поистоветува со чудо.

„Навистина заздравувањето и рехабилитацијата се многу позитивни. Очекувавме најлошо сценарио во поглед на отсуството од терените. Сметавме дека Дарко дека многу долго ќе го нема на теренот, но неговото заздравување е близу до чудо. Не можам точно да кажам кога ќе се врати на терените, но ако продолжи вака, нема да биде долго. Се надевам дека идниот месец кога ќе добијам прашање за Дарко ќе можам да ви кажам точен термин на неговото враќање во тимот“, рече тренерот на премиерлигашот.

ПретходноДокументарецот за Дарко Панчев прогласен за најдобар филм за личност во спортот
СледноЕвроволеј 2023: Холанѓаните и Данците денеска први пристигнуваат во Скопје