Фудбалерите на Шкендија, вчера во инфаркт натпревар славеа против Работнички во Скопје со 2:1. Тренерот на тетовци, Ардијан Нухиу по мечот изјави дека целата заслуга за успехот е на фудбалерите.
„Целата заслуга е на фудбалерите. Покажаа карактер со тоа што не се откажаа во ниту еден момент и заслужено го добија натпреварот. Ова го кажувам со целосно убедување затоа што досега ова беше првиот натпревар кој не исполни како тренери. Начинот на кој се движевме во средниот ред или како создававме шанси, не направи да бидеме убедени дека е прашање на време кога ќе дојде израмнувањето и ќе го добиеме натпреварот. Навистина покажавме многу карактер и мислам дека заслужено победивме“, вели Нухиу.