Саудијците со порака до Наполи: Тргнете ни се од патот, зошто повторно ќе ве казниме

2164

Габри Веига, одличниот играч за врска на Селта и голема желба на Реал и Наполи, замина во саудиски Ал Ахли. Веига се истакна минатата сезона во Ла Лига. Во текот на првата комплетна и сега единствена сезона во една од најсилните лиги, постигна 11 и намести 4 гола на 36 натпревари. Саудијците му платија на Веиг 40 милиони евра, а сега на социјалните мрежи го исмеваат Наполи.

„Следната сезона доаѓаме кај вас и ќе ја купиме Лоботка. Тргнете ни се за да не ве казнуваме повторно“, е пораката на шефот на Ал Ахли до Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Наполи.

Саудијците на тој начин му порачаа на Де Лаурентис да не се меша во нивните работи, а оваа нивна реакција се поврзува и со Виктор Осимен.

Наполи стави „антисаудиска“ клаузула на договорот на својот напаѓач. Клубот бара цифра од 150 милиони евра, а Осимен и менаџерот 110 милиони. Со 26 гола минатата сезона Осимен беше најдобар стрелец во Серија А и најдобар играч на Наполи, кој убедливо стана италијански шампион.

ПретходноМал скок на Ѓорческа и Стоилковска на ВТА листата
СледноДончиќ ја „уништи“ Грузија, Јорданец постигна тројка во стилот на Коби (ВИДЕО)