УС Опен: Само што почна еден од фаворитите испадна

912

 

Роберто Карбаљес Баена го совлада четвртиот тенисер на светот Холгер Руне со 3:1 во првото коло на престижниот УС Опен. Шпанецот, кој е 63. на светот, го доби првиот сет со 6:3, но Данецот успеа да изедначи по 6:4 во вториот сет.

Но Баена не му дозволи на фаворитот да се наметне и во наредните два сета неочекувано лесно славеше со 6:2 и 6:3.

Во наредното коло поминаа Каспер Руд, Ласло Ѓере, Доминик Тием…

Во женскиот дел, во наредната фаза поминаа Шмидлова, Бенчиќ, Азаренка, Масарова, Мухова, Швјонтек, Рибакина, Ванг…

ПретходноСигурни бодови за Интер на Сардинија (видео)
СледноХотон повторно во дресот на ТФТ