Вчера во меч од 5.коло во ПМФЛ, Работнички против Шкендија имаше водство од 1:0 се до 90+2.минута. Никој ни во сон не помислуваше дека до крајот Шкендија ќе победи. И така и беше.
Прво Дита со шут со глава во 90+2.минута успеа да го израмни резултатот на 1:1, за да во 90+5.минута Красничи ја искористи смушеноста на домашната одбрана да ја протне топката во голот за 1:2.
Следуваше невидена еуфорија кај тетовци и големо, големо разочарување кај домашните кои имаа в раце три бода но останаа без ниту еден.
Чудото на Маџари, за кое ќе се раскажува уште долго, вреди да се погледне уште еднаш.