Шок: Еден Азар на 32 години ќе објави крај на кариерата!

338

Некогаш важеше за најдобар фудбалер во Премиерлигата, со него Челзи без проблем освојуваше титули. Некогаш важеше за трет најдобар играч во светот, по Меси и Роналдо, беше донесен во Реал како наследник на Кристијано, но се случи Еден Азар да го допре дното.

“Кралевите“ го откачија капитенот на репрезентацијата на Белгија а еве, цело лето до него нема адекватна понуда, дури и од С. Арабија иако Азар има само 32 години.

Па така тој има намера деновиве да објави дека ќе ја заврши кариерата, навистина шокантно од негова страна.

ПретходноТричковски стрелец во меч со десет голови меѓу АЕК и Етникос
СледноМодриќ во Интер Мајами: Дали Бекам во Хрватска на одмор го заврши новиот мега – трансфер?!