„Газета“ тврди: Рамадани му се заканил на Де Лаурентис за Елмас!

2529

Откако Наполи веднаш ја одби понудата на Лајпциг од 30 милиони евра (плус пет милиони евра за трансфер) за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се чини настанало мал хаос.

Еден од најпознатите европски менаџери, Фали Рамадани му се заканил на првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис дека македонскиот бисер нема да го продолжи договорот со Наполи после јуни 2025 година. Причината веќе е добро позната, брзото одбивање на понудата за Елмас од страна на германскиот тим.

„Се чини дека Лајпциг беше подготвен да понуди околу 30 милиони, но веднаш дојде остро „не“ дојде од Неапол. Што пак предизвик револт кај моќниот македонски менаџер, кој ќе се закани дека нема да го продолжи договорот што истекува во 2025 година со Неапол“, пишува „Газета“, а пренесуваат тамошните медиуми. 

ПретходноПроблем за Ал-Итихад, Бензема се повреди (ВИДЕО)
СледноЧави дивееше на трибините по третиот гол на Виљареал (ВИДЕО)