Евроволеј 2023: Шпанците ја шокираа Бугарија, Израел во пет сета ја доби Грција

260

Големо изненадување се случи на вториот ден од стартот на Европското првенство во одбојка. Во првиот меч од групата „Б“ во Варна, Бугарија, домаќинот на групата и еден од фаворитите и за највисок пласман, селекцијата на нашиот источен сосед загуби во четири сета од селекцијата на Шпанија – 1:3 (17:25, 21:25, 25:21, 19:25).

Шпанците вечерва го имаа неверојатниот Андрес Вијена кој реализираше неверојатни 24 поени (3 блокади и 68% ефикасност вонапад). Жорди Рамон додаде уште 21 поен и беа лидери во оваа сензација.

Капитенот на Бугарија, Цветан Соколов беше најдобар стрелец кај домашните со 22 поени.

Фантастично возбудлив меч одиграа Израел и Грција на отворањето на групата „Д“ во Тел Авив. По пет сета, домаќинот на групата Израел славеше над Грција со 3:2 (25-17, 27-29, 21-25, 25-21, 15-13) на натпревар во кој како втор судија беше нашиот интернационалец Влатко Ристовски.

ПретходноАлиоски вечерва, по се изгледа, го одигра последниот меч за Ал Ахли (ВИДЕО)
СледноГалата по три години се враќа во ЛШ, во групната фаза одат и Брага и Јанг Бојс (ВИДЕО)