Магат: Лицемерни се критиките кон играчите кои одат во С.Арабија

278

Германскиот фудбалски тренер Феликс Магат ги нарече „лицемерни“ критиките за играчите кои потпишуваат за тимовите од Саудиска Арабија и рече дека и тој не би ја исклучил работата таму доколку задачата е интересна.

Мислам дека не е морално во ред што сега го вперуваат прстот кон спортистите кои постигнале нешто што политичарите и бизнисмените не го постигнале“, коментира Феликс Магат, цитиран од агенцијата ДПА.

Сите тие работат таму каде што можат. И бидејќи Саудијците избраа фудбалери, сега треба да го спасат светот? Мислам дека светот не функционира така“, додаде тој.

Неодамна, голем број фудбалери, предводени од Кристијано Роналдо, Нејмар и Карим Бензема, како и тренери како Стивен Џерард, избраа да се упатат во Саудиска Арабија, предизвикувајќи критики од групите за човекови права кои ја обвинуваат Саудиска Арабија дека користи спорт за да ја подобри сликата за себе и за светот.

Магат, кој ја освои Бундеслигата со Баерн Минхен и Волфсбург, смета дека не е во ред да се обвинуваат играчите.

Секаде во спортот, голферите, американските фудбалери, одат таму каде што се парите. Затоа што играчите не треба да се водат со тоа. Мислам дека тоа е лицемерно“, изјави искусниот специјалист.

70-годишниот Феликс Магат, исто така, рече дека нема да ја исклучи можноста да работи во Саудиска Арабија во иднина, но увери дека сè уште се гледа себеси како тренер во Бундеслигата.

Се осмелив да ја преземам авантурата во Кина. Не ми е гајле дали е Европа, Америка или Азија. Ако нешто е интересно од спортски аспект, тогаш е интересно и за мене“, додаде Магат.

FOTO> Printscreen Skysport

ПретходноКанатларовски утре со списокот за стартот на квалификациите
СледноАјакс ја „грабна“ грузиската сензација Микаутадзе