Македонската обојкарска репрезентација е подготвена за стартот на вистинското, настап на Европското првенство кое дел ќе се одржи во Скопје. Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Јошко Миленкоски не крие дека пласман во следната рунда е главната цел. Посакува максимална борба и секако поддршка од трибините.
„Овие момци секој ден даваат се од себе. Ова е најголем настан во Македонија, заедно сме со најголемите светски ѕвезди. Ова е можност да ја претставиме нашата држава и нашиот спорт. Со нашата желба, мотивација и борбеност сакаме да постигнеме што повеќе, поточно пласман во следниот круг. Макотрпно работевме, но не зависи само од нас зависи и од противниците. За да постигнеме добри резултати потребна ни е поддршка од сите страни, пред се од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме се за да се пласираме во втората фаза.
Најважното ни доаѓа, тука треба да го покажеме нашиот цврст карактер, борбата амбициите и да се спротивставиме на сите овие моќни репрезентации. Имаме сили за тоа, веруваме во тоа, се надевам дека по завршувањето на ова ЕП тоа ќе биде една нова историја за нашиот спорт“, изјави Миленковски.