Црна Гора загуби од Литванија во битката за првото место

139

Она што требаше да биде дерби и битка за првото место во групата помеѓу Црна Гора и Литванија се претвори во кошаркарска лекција од триумф на Литванците од 91:71 во рамките од третото коло од Мундијалот.

Иако црногорците добро почнаа и имаа резултатски егал до полувреме, следуваше показна вежба од страна на Литванија која во вториот дел одигра за класа подобро. Поточно, Црна Гора промаши огромен број што отворени што неизградени удари, а тоа секако на противникот му се исплатеше.

Најдобар Рокас Јокубаитис со 19 поени, следуваше Кузминскас со 15 коша. Литванија сега има максимални шест бода од три меча, Црна Гора бод помалку поради денешниот пораз.

FOTO FIBA

ПретходноИталија до втор триумф и второ место
СледноКанатларовски утре со списокот за стартот на квалификациите