Алиоски вечерва, по се изгледа, го одигра последниот меч за Ал Ахли (ВИДЕО)

672

Иако се изнапишаа информации дека Ал Ахли му го раскинал договорот, Езѓан Алиоски вечерва беше стартер во новиот меч и новата победа на Ал Ахли во саудиската Премиер лига.

Нашиот репрезентативец го одигра скоро комплетниот меч во кој Марез и Кеси со два гола ја донесоа победата. Сепак, според реакцијата на излегување од игра во 98. минута, најверојатно за Џани ова беше последен меч во дресот на Ал Ахли.

Ал Наср го совлада Ал Шабаб во 4-0, а Кристијано Роналдо постигна два гола, и двата од пенал.

ПретходноАнсу Фати реши: Сака да си оди од Барселона!
СледноЕвроволеј 2023: Шпанците ја шокираа Бугарија, Израел во пет сета ја доби Грција