Алкалоид со победа ја заврши мини-турнејата во Хрватска и Словенија

166

РК Алкалоид со победа над словенечката екипа РК Добова од 33:24 ја заврши својата мини-турнеја низ Хрватска и Словенија.

На вечерашната средба, по изрмнетото прво полувреме, Алкалоид беше доминантен во вториот дел и постојано го зголемуваше водството до конечните 33:24.

Мартин Серафимов со девет, Арно Бинго со пет и Марко Стојковиќ со четири постигнати гола беа најефикасните играчи во нашиот вицепрвак.

ПретходноДанецот Линдстром е ново засилување за Наполи
СледноАнсу Фати реши: Сака да си оди од Барселона!