Фудбалерите на Брага, Галатасарај и Јанг Бојс се првите екипи кои пополнија три од последните шест слободни места во групите од Лигата на шампионите. Брага го победи Панатинаикос со 1:0 во реваншот од плеј-офот вечерва, резултат што го носи португалскиот тим во групната фаза од ова натпреварување, откако победи со 2:1 и на првиот меч.
Јанг Бојс на домашен терен убедливо со 3:0 го совлада Макаби Хаифа, додека на претходниот меч беше 0:0, што значи дека Швајцареците им се приклучија на Португалците во групната фаза. Итен погоди во 23. минута од средбата, а само неколку минути потоа следеше автогол на Сек со кој на полувремето беше 2:0 за домашните. Точка на мечот во продолжение стави Филип Угриниќ во 46. минута.
Галатасарај го победи Молде по вторпат, сега со 2:1 во Истанбул, па турскиот тим е третиот од вечерашните дуели кој по три години ќе игра во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар беше 3:2.