Данскиот фудбалер Јаспер Линдстром е нов играч на Наполи, потврди денеска италијанскиот клуб.
Тој ќе игра во Наполи како позајмен играч од Ајнтрахт Франкфурт, со задолжителна опција за откуп на договорот за 20 милиони евра на крајот од сезоната. Линдстром пристигна во Франкфурт од Бронби во 2021 година и постигна 12 гола на 57 натпревари во германскиот шампионат.
За данската репрезентација настапи 10 пати и постигна еден гол.