Данците внимателни: Прв меч на ЕП и тоа против Македонија како домаќин – ќе биде многу тешко!

362

Сите репрезентации кои се дел од групата „Ц“ на Европското првенство во одбојка кое утре стартува во Скопје, пристигнаа во нашава земја и веќе засилено размислуваат на своите први натпревари. Честа да го отворат континенталниот собир во рамките на оваа група ја имаат утревечер од 20 часот нашата репрезентација и селекцијата на Данска. На денешната официјална средба со капитените и селекторите на сите шест селекции во групата „Ц“, селекторот на Данска, зборуваше за своите очекувања од мечот со Македонија, но и воопшто настапот на ова за нив прво ЕП.

„Секако дека очекувам многу тежок натпревар. Ова е наш прв меч на Европско првенство и тоа против Македонија која е домаќин. Ние сме горди што сме тука и тоа е прекрасно. Сигурни сме дека и Македонија е одлично подготвена, подготвени сме и ние за тежок натпревар. Мислам дека ние, Македонија, Црна Гора и можеби Чешка ќе се бориме да им се приклучиме на Полска и Холандија кои се на едно повисоко ниво од останатите тимови. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, вели селекторот на Данска, Кристијан Кнудсен.

Данска и Македонија во последните десетина години имаат бројни меѓусебни дуели низ еврпските натпреварувања и сите секогаш носеле долги и исцрпувачки битки.

ПретходноСава Радиќ: Јас сум оптимист, треба да бидеме мудри, Струга ТЛ може до групна фаза во ЛК!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Несторовски потпиша двегодишен договор со Асколи