Доминика во транс – ја помина групата со максимален ефект

359

Репрезентацијата на Доминиканска република ја забележа и третата победа во групата на Мундобаскетот и се пласира во следната фаза. Доминика славеше над Ангола со 75-67 и со три победи отиде понатаму.
Најефикасни кај Доминика беа Андрес Фелиз со 17 поени, 6 скокови и 2 асистенции како и Виктор Лиз со 13 поени и 8 скокови.
Ангола има четири бодови, а расплетот во групата ќе зависи од резултатот од мечот меѓу Италија и Филипини. Ако Италија победи ќе го заземе второто место, а Африканците ќе одат во квалификациската рунда.
На другите натпревари од утринскиот термин, Германија ја совлада Финска со 101-75 за максимални три од три и прво место во групата Е. Финска со три порази е закована на последното место.
Египет го победи Мексико со 100-72. Тоа е прва победа на африканската селекција на овој шампионат и моментално има четири бода, а Мексико има три порази.

ПретходноЗа Македонија денеска почнува Евроволеј 2023: Влатко Ристовски суди на мечот Израел – Грција
СледноОд среда продажба на билети за мечот Македонија-Италија, цената 300 и 500 денари