Големо изненадување се случи на вториот ден од стартот на Европското првенство во одбојка. Во првиот меч од групата „Б“ во Варна, Бугарија, домаќинот на групата и еден од фаворитите и за највисок пласман, селекцијата на нашиот источен сосед загуби во четири сета од селекцијата на Шпанија – 1:3 (17:25, 21:25, 25:21, 19:25).
Шпанците вечерва го имаа неверојатниот Андрес Вијена кој реализираше неверојатни 24 поени (3 блокади и 68% ефикасност вонапад). Жорди Рамон додаде уште 21 поен и беа лидери во оваа сензација.
Капитенот на Бугарија, Цветан Соколов беше најдобар стрелец кај домашните со 22 поени.
Фантастично возбудлив меч одиграа Израел и Грција на отворањето на групата „Д“ во Тел Авив. По пет сета, домаќинот на групата Израел славеше над Грција со 3:2 (25-17, 27-29, 21-25, 25-21, 15-13) на натпревар во кој како втор судија беше нашиот интернационалец Влатко Ристовски.