Е.Пелистер против Веспрем на „Сакарија куп“ во Турција

119

РК Еурофарм Пелистер ги финализира подготовките за новата сезона, во која ќе се натпреварува во домашниот шампионат, Куп и Суперкуп, во регионалната СЕХА лига и во Лигата на шампионите на ЕХФ. Овој викенд шампионот ќе учествува на „Турнирот на пријателството“ во Сакарија, Турција.
Еурофарм Пелистер е една од четирите екипи учесници, а останатите три се Веспрем (Унгарија), Војводина (Србија) и Мешков Брест (Белорусија). Турнирот ќе се игра на први и втори септември, по принципот полуфинале и финале.

Полуфинале:
Еурофарм Пелистер – Веспрем
Војводина – Мешков Брест

ПретходноМечот Струга-Тиквеш од 6.коло ќе се игра во понеделник
СледноФЛЕКС КРЕДИТ СО ПОДДРШКА НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ МОЖАТ“ НА СОС ДЕТСКО СЕЛО