За Македонија, Европското првенство во одбојка започнува уште денеска. Македонскиот одбојкарски судија Влатко Ристовски вечерва ќе биде втор судија на мечот меѓу Израел и Грција со кој ќе започнат натпреварите во рамките на групата „Д“ на Евроволеј 2023.
Ристовски е единствениот македонски судија кој ќе ја дели правдата во првата фаза на првенството и тоа во рамките на групата која се игра во Тел Авив. Тој денеска на дуелот меѓу Израел и Грција ќе суди заедно со бугарскиот интернационален судија Александар Виналиев, а очекува во продолжение на натпреварите во групата да добие и статус на прв судија на некој од преостанатите натпревари.
Во групата „Д“ во Израел се селекциите на Израел, Грција, Португалија, Романија, Франција и Турција.