Куп на Македонија: Беса-Вардар е дербито во првата рунда

2117

Познати се двојките од првото коло во новата сезона од Купот на Македонија. Најинтересниот натпревар е Беса – Вардар. Второлигашот квалитетно се засили и има прволигашки амбиции, а Вардар „плива“ во прволигашкото друштво но се уште е со големи проблеми на грбот.
Шкупи гостува во Коњаре, Брера кај Кожув од Гевгелија. Минатогодишниот финалист Струга ТЛ, освојувачот на трофејот Македонија ЃП и полуфиналистите Шкендија и Силекс се слободни во првото коло.
Се игра по еден натпревар. Мечевите се закажани за 20 септември од 15 часот.

1.KOЛО
ЈАНГ ТИМ – ПОБЕДА
НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА
БАШКИМИ – СКОПЈЕ
КОЖУВ – БРЕРА А.П.
АРЕСИМИ – ТИКВЕШ
КАРБИНЦИ – ВОСКА
ОХРИД – ДЕТОНИТ
БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР
БВК КОЊАРИ – ШКУПИ
БЕСА – ВАРДАР
ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ
ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР

ПретходноМВП признанието за Илиески од Мутли Есенс, Ангелески најдобар голман!
СледноЗа Македонија денеска почнува Евроволеј 2023: Влатко Ристовски суди на мечот Израел – Грција