Општина Ѓорче Петров врати 62 акции на ФК Македонија ЃП

1985

Македонскиот фудбалски прволигаш Македонија ЃП денеска информираше дека општината Ѓорче Петров врати во клубот 62 акции од сопственоста на еден од најпопуларните фудбалски клубови во главниот град. Во клупското соопштение се вели:

„Огромна благодарност до Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и до Советот на Општина Ѓорче Петров за донесената Одлука за оттуѓување на правата на сопственост во вид на хартија од вредност, односно подарување на 62 акции на ФК Македонија Ѓорче Петров 1932. Враќањето на акциите на нас како фудбалски клуб ќе ни бидат од огромна помош, особено во делот на развојот на клубот и долгорочното функционирање во сите сегменти, односно потребите на управата и фудбалерите. Клубот мора да се развива и да се издигне на пиедесталот, бидејќи ФК Македонија Ѓорче Петров е бренд кој заслужува да биде дел од европските натпреварувања секоја сезона, и со самите настапи да придонесе нашата општина Ѓорче Петров да биде синоним за победа. Соработката којашто ја имаме како фудбалски клуб со Општина Ѓорче Петров е на високо ниво и ја имаме поддршката од градоначалникот Стојкоски секогаш кога таа е потребна.“

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Несторовски потпиша двегодишен договор со Асколи
СледноВторо коло за Стоилковска во Куршумлијска Бања