ОФИЦИЈАЛНО: Несторовски потпиша двегодишен договор со Асколи

833

Како што дел од италијанските медиуми објавија уште вчера, Илија Несторовски во новата сеона ќе го носи дресот на италијанскиот второлигаш Асколи. Асколи потврди дека потпишал двегодишен договор со Несторовски заклучно со 30 јуни 2025 година.

Македонскиот напаѓач по четиригодишното искуство во Серија А со Удинезе, сега ја менува средината, откако претходно настапуваше и за Палермо.

Несторовски го одбра дресот со број 30 и во новиот клуб, а вечерва од трибината на стадионот Дел Дука ќе го следи првенствениот натпревар против Фералпи.

ПретходноДанците внимателни: Прв меч на ЕП и тоа против Македонија како домаќин – ќе биде многу тешко!
СледноОпштина Ѓорче Петров врати 62 акции на ФК Македонија ЃП