После 30 години Канаје си оди од Монпеље

83

Патрис Канаје го најави крајот на својата мисија во тимот на Монпеље. Тој својата приказна ја почна во 1994 година и од тогаш испиша историја со францускиот тим, богата три децении. Договорот на Канаје со клубот завршува по оваа сезона, по што раководството на клубот ќе мора да бара замена.

„Време е да речам стоп. По 30 исклучителни, величествени години. Ова е една прекрасна приказна. Никогаш немаше ни да замислам дека може да имам ваква прекрасна професионална историја“, вели 62-годишниот стратег.

Со Монпеље двапати ја освои Лигата на шампионите, има 14 титули во Франција, уште 13 Купа на Франција и 12 Лига Купови. Во 2018 година, кога Монпелје го победи Вардар во полуфиналето, а потоа преку Нант стигна до титулата во Лигата на шампиони беше прогласен за тренер на годината.

ПретходноДеспотовски пред стартот на ЕП: Да бидеме мудри и смирени, Данска е „наш калибар“
СледноИталија до втор триумф и второ место