Проблем за Ал-Итихад, Бензема се повреди (ВИДЕО)

186

Голем проблем за Ал-Итихад. Во првото полувреме од мечот со Ал-Вехда се повреди Карим Бензема.

Искусниот фудбалер остана на теренот, веднаш побара измена. Станува збор за повреда на мускулот. Бензема со болна гримаса го напушти теренот, засега нема информации колку е сериозна повредата, но во клубот стравуваат дека би можеле да останат во следните два месеци без неговите услуги.

Неговиот тим го доби овој дуел со убедливи 3-0, но остана горчина поради повредата на Бензема.

Бензема во летниот преоден рок пристигна на Ал-Итихад, а зема годишна плата од дури 200 милиони евра.

 

ПретходноЃоковиќ: Мило ми е што кошаркарите се надвор од радарот
Следно„Газета“ тврди: Рамадани му се заканил на Де Лаурентис за Елмас!