Франција избегна срам против Либан на Мундобаскетот

186
0

 

Репрезентацијата на Франција избегна срамен пораз во дуелот со Либан во групната фаза на Мундобаскетот.

Резултатот беше неизвесен до последната четвртина. По третиот период Либан имаше поен предност 59-58, сепак, француските кошаркари заиграа посилно во последниот период и триумфираа со 85-79.

Либанците во финишот имаа шанса да стигнат до продолженија (82-79) меѓутоа капитенот Никола Батум им ги сруши надежите со тројка за победа.

Најефикасен кај Французите беше Јабуселе со 18 поени, а воопшто на мечот најмногу поени постигна Аракџи од Либан со 27 поени.

Франција и покрај победата нема шанси за наредната фаза поради двата порази во првите две кола од Канада и од Летонија.

Во меѓувреме Австралија го завери второто место во групата Е и пласманот во следната фаза по триумфот над Јапонија со 109-89. Првото место во групата го освои Германија, трета е Јапонија и последна Финска.

 

ПретходноФЛЕКС КРЕДИТ СО ПОДДРШКА НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ МОЖАТ“ НА СОС ДЕТСКО СЕЛО
СледноДеспотовски пред стартот на ЕП: Да бидеме мудри и смирени, Данска е „наш калибар“