Ѓоковиќ: Мило ми е што кошаркарите се надвор од радарот

1047

Доколку се оди како што треба, Новак Ѓоковиќ и српските кошаркари може да играат финале во ист ден (10 септември), тој на УС Опен, тие на Мундобаскетот.

Српскиот тенисер по првата победа веднаш коментираше за кошаркарите.

„Ја сакам кошарката, имам одличен однос и со Богдан Богдановиќ. Не стигнав да ги гледам, временската разлика е голема, но ги следам постојано.Им посакувам да одржуваат добра тимска енергија и да обрнат што помалку внимание на она што ги дефокусира. Не си давам за право да зборувам професионално за кошарката, но за мене е погрешно што многу луѓе си даваат за право да критикуваат уште пред да започне Светското првенство“, рече Ноле, а потоа и додаде:

„Ние сме кошаркарска нација, една од најуспешните во историјата. Мило ми е што се малку под радарот, па имаат шанса да покажат колку се добри“, заклучи Новак.

Србија веќе се пласира во следната рунда, ги победи Кина и Порторико, а во последниот меч од групната фаза игра против Јужен Судан.

ПретходноНовак Ѓоковиќ повторно е број еден!
СледноПроблем за Ал-Итихад, Бензема се повреди (ВИДЕО)