Ајакс ја „грабна“ грузиската сензација Микаутадзе

250

Холандскиот гигант Ајакс продолжува да ги засилува своите редови со млади и талентирани фудбалери. Според холандски „Фудбал интернешнл“, Ајакс се договорил со Мец за трансфер на грузискиот репрезентативец Георги Микаутадзе во Амстердам. За него се интересираа Лацио, Ајнтрахт и Вест Хем, а Ајакс победи во трката со тоа што понудил 17 милиони евра плус 3 милиони во бонуси.
22-годишниот фудбалер имаше брилијантна 2022/23 сезона со 23 погодоци и 8 асистенции во походот на Мец кон промоција во Лига 1. А во првите три меча во Лига 1, Микаутадзе постигна два гола.
Ајакс го продаде Мохамед Кудус во Вест Хем, па ангажманот на Микаутадзе ќе ја пополни дупката.
Ова лето амстердамскиот клуб ги ангажираше Јосип Шутало, Гастон Авила, Бенјамин Тахировиќ, Антон Гаи и Диант Рамај.

ПретходноМагат: Лицемерни се критиките кон играчите кои одат во С.Арабија
СледноКанада на рутина против Летонија (ВИДЕО)