Откако Наполи веднаш ја одби понудата на Лајпциг од 30 милиони евра (плус пет милиони евра за трансфер) за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се чини настанало мал хаос.
Еден од најпознатите европски менаџери, Фали Рамадани му се заканил на првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис дека македонскиот бисер нема да го продолжи договорот со Наполи после јуни 2025 година. Причината веќе е добро позната, брзото одбивање на понудата за Елмас од страна на германскиот тим.