Италија до втор триумф и второ место

60

Репрезентацијата на Италија предмалку со конечни 90:83 ја совлада селекцијата на Филипини и на тој начин стигна до втората победа на кошаркарскиот Мундијал.

На тој начин го освои и петтиот бод што ја става оваа репрезентација на втората позиција моментално во групата А.

Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Фонтечио со 18 поени и шест скока, додека пак кај Филипини и воедно, најдобар стрелец на целиот меч беше Кларксон со 23 поени.

FOTO eurohoops

ПретходноПосле 30 години Канаје си оди од Монпеље
СледноЦрна Гора загуби од Литванија во битката за првото место