Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21. година, Драган Канатларовски утре на прес конференција ќе го објави списокот на репрезентативци за кои ќе смета за септемвриските квалификациски предизвици.
Како што е познатo, нашите млади репрезентативци го почнуваат квалификацискиот циклус на гостински терен на 8 септември против репрезентацијата на Шведска на гостински терен. Неколку дена подоцна, на 12 септември го играме вториот натпревар против Холандија во Скопје.
Два клучни меќча за нас од кои посакуваме бодови, со кои ќе стартуваме добро во оваа кампања.
Новата генерација има квалитет и капацитет во тоа сме сигурни, но сепак, сето тоа треба да се покаже и докаже на терен.