Дубочица Лесковац го освои меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ кој се одржа во Прилеп, откако во финалето го совлада младиот состав на Мулти Есенс со 30-21.
По завршувањето на битката за пехарот, организаторот ги прогласи најдобрите.
МВП признанието отиде во рацете на Божидар Илиески од екипата на Мулти Есенс, а за надобар голман беше прогласен Иван Ангелески од РК Прилеп. Најдобариот стрелец на турнирот доаѓа од победничкиот табор, Горан Ристовиќ.