Мечот Струга-Тиквеш од 6.коло ќе се игра во понеделник

179

Натпреварот од 6. коло помеѓу Струга Трим Лум и Тиквеш наместо во сабота (2.9.2023) ќе се одигра во понеделник (4.9.2023 година). Натпреварувачката комисија го премести овој меч за два дена подоцна, oстанатите се според распоредот.

Струга во четврток го игра реваншот од плеј-офот за Лигата на конференции против Бредаблик од Исланд. Стружани имаат одиграно два меча со скор од една победа (над Гостивар) и еден пораз (од Брера).
Тиквеш има скор од две победи, едно реми и два порази. По воведните две победи над Македонија ЃП и Гостивар, следуваа два порази од Шкендија и од Брера, па реми со Воска.

ПретходноОд среда продажба на билети за мечот Македонија-Италија, цената 300 и 500 денари
СледноЕ.Пелистер против Веспрем на „Сакарија куп“ во Турција