Фудбалскиот клуб Интер од Мајами потврди дека започнал со изградба на нов стадион, кој ќе чини околу една милијарда долари, пренесуваат американските медиуми.
Новиот стадион ќе се вика „Парк на слободата во Мајами“, неговиот капацитет ќе биде околу 25.000 навивачи, а ќе биде завршен до 2025 година. Стадионот ќе биде изграден како дел од јавен парк, а ќе има фудбалски, тениски и атлетски игралишта, деловни простории и трговски центар. До стадионот ќе се гради и луксузен хотел со 750 соби.
„Моето семејство ја промени светската перцепција за фудбалот во САД за само четири години. Бевме водени од истата визија кога решивме да изградиме нов стадион. Едвај чекам да им посакам добредојде на нашите навивачи во новиот дом“, изјави еден од сопствениците на клубот, Хорхе Мас .