Со пласманот во ЛШ, Галатасарај се поблизу до Серхио Рамос

183

Турски Галатасарај кој вчера влезе во групната фаза од Лигата на шампионите, сериозно ги зголеми шансите во своите редови да го доведе шпанскиот ветеран, Серхио Рамос. Како што пишува денешна „Марка“, Галатасарај неколку недели се обидува да го убеди Рамос да се пресели во нивните редови, но фудбалерот очигледно чекаше да види дали тимот ќе игра во најсилното натпреварување за да донесе дефинитивна одлука.

Серхио Рамос се уште е без тим и, како што дознава „Марка“ Галата станува единствена сериозна опција за екс-капитенот на Реал (М).

ПретходноУште една ѕвезда го заврши Мундобаскетот: Летонија остана без својата прва „виолина“ Бертанс
СледноХоландија и Италија се првите полуфиналисти на женското ЕП 2023