Со сето срце за Македонија: И „Фалангата“ сонува за победа (ФОТО)

254

Дел од европскиот крем е во Скопје. СЦ „Борис Трајковски“ во следните денови ќе биде еден од центрите каде што ќе се игра врвна одбојка, а на теренот ќе продефилираат познати светски ѕзведи.

Македонската одбојкарска репрезентација во овој момент го игра првиот меч на Европското првенство, а за противник ја има селекцијата на Данска, еден од противниците кои мора да се добие за да сите го живееме осминафиналниот сон.

Трибите во салата „Борис Трајковски“ се обоени во „црвено-жолто“, нашите одбојкари имаат поддршка од фановите, можеби не во посакуваната бројка, но доволно за да го добијат потребниот ветер во грб.

Сонот на сите е да се стартува со победа, а веќе во следните денови бројот на македонски фанови да биде поголем.

ПретходноУЕФА со кампања „Биди судија“ – за оние кои сакаат да работат како фудбалски судии
СледноМакедонскиот шампион го „почувствува“ теренот во Копавогур (ФОТОГАЛЕРИЈА)