Холандија и Италија се првите полуфиналисти на женското ЕП 2023

116

Одбојкарките на Холандија и Италија се првите патници во полуфиналето на Европското првенство во женска конкуренција. Во првиот четвртфинален натпревар во Фиренца, Холанѓанките ја победија Бугарија со 3-0 (25-11, 25-13, 25-19) и сега ги чека полуфиналната пресметка со подобрата селекција од денешната пресметка меѓу двојниот светски првак Србија и Чешка.

Холандија до победата ја предводеа Џулиет Лохуис со 17 поени и Ника Далдероп со 16 поени.

Во вториот четвртфинален дуел, Италија во Фиренца ја совлада Франција со 3-0 (25-14, 29-27, 25-13). Екатерина Антропова со 14 и Елена Пиетрини со 13 поени го предводеа победничкиот тим. Италија во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Турција и Полска кој е на програмата денеска од 17 часот.

ПретходноСо пласманот во ЛШ, Галатасарај се поблизу до Серхио Рамос
СледноДен за историја! Македонија против Данска, првпат како домаќин на Европско првенство