Ѓоргиев: Ти благодарам Македонијо! Честитки до момците, имавме голем притисок!

412

Македонската одбојкарска репрезентација направи голем чекор кон осминафиналето на Европското првенство. Нашите момци на првиот меч ја совладаа Данска со 3-1 по сетови.

Притисокот брз избраниците на Јошко Миленковски беше голем, особено поради фактот дека играат пред своите навивачи.

„Ова беше тежок меч, бевме под голем притисок. Би сакал да му честитам на мојот тим, на сите оние кои се дел од нас и секако до сите навивачи кои дојдоа во сала. Ти благодарам Македонијо. Ова е победа за цела Македонија. Како што кажав моравме да бидеме мудри. Коректорот падна, им најавив на сите во тимот“, беше првиот коментар на капитенот.

Македонија во сабота игра против Црна Гора, ова е уште еден противник кој мора да се добие за да осминафиналето стане реалност.

„Сега останува малку да се одмориме, не чека нов тежок, но нели одиме на нова победа“, рече на кратко капитенот, Никола Ѓорѓиев, кој средбата ја заврши со 17 поени. 

 

ПретходноЕвроволеј 2023: Данска падна, Македонија направи прв чекор кон осминафинале!
СледноЉафтов: Не одлучија бројките туку душата, срцето, химната, навивачите…