Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ и на италијанската фудбалска репрезентација, Марко Верати наскоро најверојатно ќе му се приклучи на катарскиот тим Ал Араби.
Според изворот, клубовите се блиску до склучување договор за трансферот на 30-годишниот играч. ПСЖ ќе добие 45 милиони евра плус бонуси за Италијанецот. Штом играчот даде конечна согласност, трансферот ќе се комплетира и ќе биде објавен.
Верати е во ПСЖ од 2012 година. Сезонава нема одиграно ниту еден натпревар, а неговото име се споменуваше и во редицата кои веќе заминаа на Блискиот Исток, но најмногу во С. Арабија.