ВМФЛ: Охрид со триумф на езерското дерби

525

Попладнево на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, во заостанатиот меч од 2.коло во ВМФЛ, екипата на Охрид со 1:0 успеа да го победи Караорман во езерското дерби. Во текот на целиот меч Охрид беше тимот кој што беше поктивен, а решавачкиот момент  се случи во 77.минута кога Демири од идеална ситуација ја затресе мрежата на стружани.

Ова за Охрид беше првата победа сезонава во второлигашката конкуренција.

ТАБЕЛА ПО 3.КОЛО ВО ВМФЛ:

Беса 9, Пелистер 9, Кожув 9, Детонит 9, Башкими 9, Победа 4, Охрид 4, Арсими 3, Караорман 3, Беласица 3, Новаци 3, Тетекс 3, Скопје 1, Саса 1, Вардар (Н) 0, Осогово 0…бодови

ПретходноПромоција: Бујар Хајдари во дресот на Воска Спорт!
СледноСупер трансфер во ХНЛ: Марко Пјаца ќе потпише за Ријека!