Дробаров во тимот на колото во Бугарија

111

Македонскиот интернационалец во редовите на тимот на Черно Море, Вларко Дробаров е дел од најдобрите единаесет во шампионатот на Бугарија за последното коло.

Дробаров и неговите соиграчи одиграа 1:1 на гостувањето во Софија кај ЦСКА, при што нашиот интернационалец постигна гол за израмнување и донесе злато вредно реми на овој ектра тежок натпревар.

Со тоа, му го донесе на Черно Море седумнаесеттиот бод сезонава, што во превод значи засега второ место на табелата по седум одиграни кола.

Конечно, во посебната категорија по позиции, Дробаров е прогласен и за дефанзивец на колото.

 

ПретходноБразил подобар од Брегот на Слоновата Коска
СледноКапинковски тренер на колото во Грузија