Дуро: Верувам дека тимот на Струга ќе одигра најдобро што знае

177

Струга ТЛ беше подобар противник против Бредаблик во Охрид меѓутоа доживеа пораз од 0:1 во плеј-офот од Лигата на конференциите. Сега македонскиот шампион ќе треба да го надокнади загубеното на реваншот во Исланд. Тренерот Шпетим Дуро верува во добро издание на неговите момци и победа.
Резултатот е во корист на противникот, меѓутоа тој е минимален, а јас верувам дека тимот ќе одигра најдобро што знае и ќе го надополни. На првиот меч одигравме подобро, не заслуживме пораз, а сега верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Немаме некои поголеми проблеми во составот освен Радески кој исто така беше отсутен на првиот меч во Охрид. Моралот е висок и покрај поразот на првиот меч, меѓутоа фудбалерите се спремни да го надополнат резултатот“, изјави Дуро.

ПретходноМаџунков: Навистина беше емотивно – 5.000 грла во еден глас ја пееја македонската химна!
СледноАнгеловски со порака: Шоуто тука чини 500 денари, верувам дека навивачите ќе дојдат во поголем број!