Една слика – илјада зборови (ФОТОГАЛЕРИЈА)

372

Мразот е скршен. Македонските одбојкари го добија првиот натпревар на Европското првенство, откако ја совладаа Данска со 3-1. Колку и да сакаат да бидат смирени, бидејќи ова е само почеток, сепак емоциите се посилни.

Најавија – остварија: Мераклиска партија „зачинета“ со неизвесност, но и голема битка и на крајот триумф како награда за сите оние кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да ги бодрат од лице место.

Вториот чекор кон осминафиналето се вика Црна Гора, а истиот на програмата веќе е во сабота, во истиот термин од 20 часот.

ПретходноАнгеловски со порака: Шоуто тука чини 500 денари, верувам дека навивачите ќе дојдат во поголем број!
СледноМВП признанието во рацете на Никола Ѓорѓиев