Ефектот Меси: Интер Мајами гради нов стадион вреден 1 милијарда долари

269

Фудбалскиот клуб Интер од Мајами потврди дека започнал со изградба на нов стадион, кој ќе чини околу една милијарда долари, пренесуваат американските медиуми.

Новиот стадион ќе се вика „Парк на слободата во Мајами“, неговиот капацитет ќе биде околу 25.000 навивачи, а ќе биде завршен до 2025 година. Стадионот ќе биде изграден како дел од јавен парк, а ќе има фудбалски, тениски и атлетски игралишта, деловни простории и трговски центар. До стадионот ќе се гради и луксузен хотел со 750 соби.

„Моето семејство ја промени светската перцепција за фудбалот во САД за само четири години. Бевме водени од истата визија кога решивме да изградиме нов стадион. Едвај чекам да им посакам добредојде на нашите навивачи во новиот дом“, изјави еден од сопствениците на клубот, Хорхе Мас .

ПретходноКанатларовски: Оваа генерација може многу и треба да верува во себе
СледноЈошко ги одбра 14-те одбојкари со кои ќе бие битка за осминафинале на ЕП 2023