Канатларовски: Оваа генерација може многу и треба да верува во себе

310

Македонската репрезентација до 21. година ги почнува квалификациите на гостувањето кај Шведска, а потоа три дена подоцна Холандија ни доаѓа во Скопје.
Селекторот на Македонија, Драган Канатларовски вели дека на стартот на овие квалификации е многу важно да се испратат овие млади момци со добра атмосфрера, а тие да возвратат со добри игри и резултати.

 

„Многу ми е драго што и оваа генерација млади фудбалери ќе ја испратиме во новиот квалификациски циклус со должно внимание. За оваа генерација конкурираа триесетина фудбалери. Ова се оние кои покажаа најмногу во изминатиот период. Ова се тие кои што и во клубовите и во репрезентација покажаа најмногу. Не само на пријателски средби, туку еве сега и во квалификации. Се надевам дека сите овие повикани, но и оние кои во моментов се подготвени да дадат се за Македонија. 

Имавме доволно време да анализираме и да увидиме што може противникот. Сепак, најдобро е да се познаваш себеси. Одигравме дванаесетина мечеви, и имавме доволно време за да ги запознаеме играчите, карактеристиките, и да одредиме формација и тактика. Како за првиот меч против Шведска, така и против Холандија. 

Ме радува тоа што ние добро изгледаме како целина, а поединците секогаш ќе треба да ја направат таа разлика. Ние секако дека  би биле задоволни и со шест бода, а колку е тоа можно ќе видиме по овие два меча. 

Нашата цел е да го повториме оној успех од 2017. Дали преку тие бараж средби, дали преку групата. Овие играчи не се веќе само таленти, ова се изградени фудбалери. Кој не мисли како мене, воопшто нека не доаѓа на собир. Тоа е мојот став. Мора да се има верба во себе. Примери за тоа има доста, треба само да ги искористиме“ – изјави Канатларовски на денешната прес конференција.

Македонија стартува против Шведска на 8. септември во Јенчепинг, со почеток во 18. часот и Холандија на 12. септември со почеток од 15:30. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски – А.П. Брера

Иван Николоски – Победа

Стефан Митрев – Кожуф

ОДБРАНА:

Марио Ричков – Шкупи

Стефан Деспотовски – Работнички

Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка

Решат Рамадани – Динамо Киев

Виктор Крстевски – Гостивар

Методи Максимов – Шкендија

Михаил Димитриевски – Брегалница

Кристијан Тасевски – Аугсбург, Германија

СРЕДЕН РЕД:

Мартин Талаков – Подбрезова, Словачка

Иван Николов – Сондерјиске, Данска

Хамза Рамани – Шкупи

Алекс Златков – Шкупи

Димитар Тодоровски – Работнички

Ване Крстевски – А.П. Брера

Берат Калкан – Касимпаша, Турција

Бехар Фета – Марибор, Словенија

Матеј Ангелов – Работнички

Лука Станковски – Газиантеп, Турција

НАПАД: 

Марио Илиевски – Кишварда, Унгарија

Филип Трпчевски – Хакен, Шведска

Луан Абази – Шкупи

ПретходноШК Алкалоид со нова победа продолжува кон зацртаната цел
СледноЕфектот Меси: Интер Мајами гради нов стадион вреден 1 милијарда долари