Маџунков: Навистина беше емотивно – 5.000 грла во еден глас ја пееја македонската химна!

379

Иако е рано за радување, сепак фактот е еден, Македонија тргна триумфално на Европското првенство, а Филип Маџунков ги пренесе емоциите по мечот, особено за време на интонирање на македонската химна.

„Немаше потреба од дополнителен мотив, имавме поддршка од публиката. Публиката беше нашиот важен играч. Првпат ја пеевме цела химна, беше многу емотивно, 5.000 грла пееја во еден глас.

Сите игравме како еден, имавме одлична комуникација, за секоја поен знаевме што ќе се случи“, искоментира македонскиот репрезентативец.

Македонија има два дена да одмори, веќе во сабота ќе ги одмери силите со Црна Гора, уште еден од списокот на противници во нашата група кој мора да се добие за да се исполни мисијата – пласман во осминафиналето.

ПретходноЛШ: ПСВ го „растури“ Ренџерс и се пласира во групите, Антверп ќе дебитира
СледноДуро: Верувам дека тимот на Струга ќе одигра најдобро што знае