МВП признанието во рацете на Никола Ѓорѓиев

274

Капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев и на оваа средба беше лидер во нашите редови. Тој во триумфот над Данска (3-1), прв на стартот на Европското првенство зад своето име запиша 17 поени.

На крајот Ѓорѓиев заслужено го понесе признанието за најкорисен играч на натпреварот.

„Најмалку е важна статистиката и дали сум МВП на натпреварот“, беше краткиот коментар на капитенот по мечот. 

Македонија ќе има два дена да се одмори и да се подготви за следниот меч на овој евро-шампионат, противник е Црна Гора, селекција против која може да се завери пласманот во осминафиналето. Мечот се игра во 20 часот.

ПретходноЕдна слика – илјада зборови (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМеџит Незири: Имаме шанса да го оствариме сонот, ќе биде тешко, но Струга ТЛ може во групна фаза!