Милан Вчера и официјално испрати понуда за напаѓачот на Порто, Мехди Тареми. „Росонерите“ продолжуваат да бараат новт напаѓач ова лето, па сега целиот фокус во последните денови од преодниот рок е ставен на искусниот голгетер на Порто.
Џанлука ди Марцио објави дека по неколку недели проценка на играчот, Милан доставил понуда до Порто за иранскиот репрезентативец. Понудата е 12 милиони евра плус бонуси и Милан верува дека поради тоа што сегашниот договор на Тареми истекува во летото 2024 година, ова е вистинската проценка за него.
„Росонерите“ не сакаат да трошат голема сума за Иранецот затоа што веќе потрошиле фер сума на пари во текот на ова лето, но и поради договорот на играчот.