Милевски: Немам личен проблем со Ристовски, а Македонија не е велесила во фудбал

1680

Македонската фудбалска репрезентација на 9 односно 12 септември ја очекуваат два квалификациски дуели од тековните квалификации против репрезентациите на Италија во Скопје, оддносно против Малта во Ла Валета.

Селекторот на А репрезентацијата Благоја Милевски денеска на официјална прес конференција го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овие два дуели, а на него има неколку измени од кои двајца дебитатни.

„Марјан Радески има повреда на тетива, Дарко Чурлинов не доби дозвола за настап, иако е во тренажен процес, Тихомир Костадинов сеуште не е достапен, а Валон Етеми се пожали на старата повреда поради која не беше со нас во месец јуни. Имаме двајца дебитатни, а тоа се Димитар МИтровски, односно Ахмед Иљазовски. Митровски се наметнува со игрите во Вараждин, а Иљазовски иако нам не ни е познат досега, во последните четири пет години има голем напредок во формата. Наша должност е секој потенцијален репрезентативец да го повикуваме и да го имаме на радар. Александар Трајковски е единствен кој по мечевите со Украина и Англија е без клуб, но сите добро го знаеме каков професионалец е, и сметаме дека е најдобро и за него и за репрезентацијата е тој да биде тука со нас. Имав некакви идеји, но тие ќе ги оставиме за понатаму, тука пред се сметам на У21 тимот, таму има неколку потенцијални А репрезентативци, но мојот начин на работа го знаете. Секој што има право на настап за таа селекција ќе има предност да игра за нас„ – изјави селекторот Милевски.

На прашањето зошто Стефан Ристовски повеќе не е дел од репрезентацијата и тоа единствено поради фактот што тој е селектор Милевски коментира.

„Моја беше идејата Стефан Ристовски да биде капитен. Јас му ја доделив капитенската лента. Мојот пат до Загреб и средбата со него беше да се разрешат некои разлики пред се фудбалски, се присутни но тие се решаваат. Единствена моја замерка е фактот што за неговото заминување јас дознав за тоа преку социјалните мрежи. Јас не користам социјални мрежи, и еднствено имам замерка за тоа. Ништо друго“ – коментира селекторот Милевски околу ситуацијата со Стефан Ристовски.

„Јас имам актуелен договор и ќе го одработам истиот до крај“ – изјави селекторот околу евентуалмата негова смена за да поентира.

„Македонија не е светска велесила. Тоа треба да ни стане јасно. Македонија единствено може да се надева на позитивни резултати ако функционираме како тим. Ние немаме голем фонд на играчи. Таа е реалноста. Она што се случи против Англија можеби е и добро за да се свестиме, и да почнеме од почеток, што се вели. Да почнеме да ја градиме таа атмосфера од почеток, и да целиме кон нешто подобро. Атмосферата секогаш мора да е добра, ќе биде и сега, се надевам на полн стадион. Овие момци секогаш се тука за Македонија, треба тоа да се почитува и да се вреднува“ – вели Милевски.

 

 

 

ПретходноМилевски со 29 фудбалери за Италија и Малта: Иљазовски и Митровски дебитираат
СледноШК Алкалоид со нова победа продолжува кон зацртаната цел