Првиот човек на европската одбојка е во Скопје: Боричиќ гостин на отворањето (ФОТО)

162

Првите двајца луѓе на европската одбојка, претседателот на ЦЕВ, Александар Боричиќ и генералниот секретар Ренато Арена вечерва пристигнаа во Скопје на отворењето на натпреварите од групата „Ц“ на Европското првенство чиј домаќин е Македонија.

Боричиќ и Арена самите изразиле желба на ова Европско првенство да бидат присутни во Македонија и да го проследат првиот меч на Македонија на шампионатот. Одбојкарската федерација на Македонија ја доби довербата на ЦЕВ за организација на првенството, па сега останува да се покажеме во вистинско светло.

 

ПретходноДарко Велковски тренира со Работнички! Дали се “крчка“ враќање по 8 години во Градски парк?! (ФОТО)
СледноШкендија со најдобар старт во ПМФЛ во клупската историја!